Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно штрајкови во Грција, протестираат археолози, лекари, административци

Повторно штрајкови во Грција, протестираат археолози, лекари, административци

Нов штрајк денеска ја тресе Грција откако стотици државни службеници демонстрираа во Атина против планираните отпуштања договорени со меѓународните кредитори, а како услов за финансиската помош за Грција.

Археолози, лекари од болници и други државни службеници, се собраа пред Министерството за административни реформи и електронско управување, кое раководи со проектот за отпуштање на 15 илјади државни службеници до 2014 година, односно четири илјади во текот на оваа година.

Атина прифати да го намали бројот на државните службеници во рамки на мерките за намалување на трошоците и преструктуирањето на државниот долг. Владата појаснуваше пак дека новите 15 илјади државни службеници, кои ќе бидат отпуштени се распоредени во четири категории - санкционирани за корупција или за некомпетентност, подготвени предвремено да се пензионираат или оние чии работни места ќе бидат скратени поради затворање или спојување на државните структури.

Слично

Поврзани вести