Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕДНАШ КУРТУЛИ: Се бара нова предстечајна постапка за „Жито Вардар“!

ЕДНАШ КУРТУЛИ: Се бара нова предстечајна постапка за „Жито Вардар“!
Барање за предстечајна постапка е поднесено пред велешкиот Основен суд, објавено е во „Службен весник на Република Македонија“ Доверител побарал започнување предстечајна постапка за велешката прехранбена компанија „Жито Вардар“, објавено е неодамна во „Службен весник на Република Македонија“. Според објавата рочиштето е закажано во Основниот суд во Велес во почетокот на октомври. Засега не е познато дали барателот на предстечајната постапка е правно или е физичко лице ниту називот односно името на доверителот. Исто така не е позната ниту сумата на долгот што „Жито Вардар“ го има кој својот доверител што ја покренал постапката пред велешкиот суд. Ова е втора предстечајна постапка за „Жито Вардар“ во периодот од јули до октомври. Како што пишувавме на крајот на јули, најголемата велешка прехранбена компанија успеа да уплати средства кон својот доверител „Макпетрол“ по што судот на барање на доверителот ја прекина предстечајната постапка за велешката компанија. Според билансот на состојба оваа компанија на крајот на 2013 година имала акумулирана загуба од 155,5 милиони денари. Истовремено компанијата има ненаплатени побарувања во износ од 243 милиони денари и вкупни обврски од 587,7 милиони денари. Од нив најголема ставка се обврските кон добавувачите кои изнесуваат 355 милиони денари, а во тековните обврски кредитите се уште 56,1 милиони денари. Долгорочните обврски по основ на кредити на компанијата изнесуваат 173,4 милиони денари. „Жито Вардар“ во својот состав интегрира шест работни единици. Лани само две од нив завршиле со добивка, а четири книжеле загуба од работењето. Најголема добивка имаат „останати работни единици“ и таа изнесува 14,3 милиони денари. Добивка има и работната единица „Пекара“ и таа изнесува 1,1 милиони денари. Најголема загуба има работната единица „Млин за сточна храна Градско“ и таа изнесува 28,6 милиони денари. Работната единица „Млин“ има загуба од 9,2 милиони денари, а работната единица „Месо“ има загуба од 5 милиони денари. Најмали загубари се работната единица „Пекарница“ со загуба од 1,1 милиони денари и работната единица „Јајца“ со 1,4 милиони денари. Компанијата ја води долгогодишниот директор Ристо Ташев, кој воедно е и најголем поединечен акционер и поседува 21,8 отсто од акциите со право на глас. Втор по големина акционер е компанијата „Влахос трејдинг“ со 20,5 отсто од акциите претставувана во управата на „Жито Вардар“ од Харилаос Влахос. Словенечката компанија „Каранта“ поседува 14,5 отсто од акциите и во бордот ја претставува Игор Финк. Меѓу поголемите акционери е и ЗК „Пелагонија“ од Битола која поседува 6,5 отсто од акциите во велешката компанија. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести