Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно расте вредноста на биткоинот

Повторно расте вредноста на биткоинот

Се зголемува вредноста на биткоинот. Тој скокна за 8 проценти претходно оваа недела. Вредноста на биткоинот во понеделникот доцна попладне беше 53,757 долари. Етер и XRP скокнаа девет, и петнаесет проценти, соодветно.

Сега цената на биткоинот е околу 54.975 долари. Минатата недела, вредноста на оваа криптовалута падна под 50.000 УСД за прв пат од почетокот на март, откако предложеното зголемување на данокот на капитална добивка на американскиот претседател Џо Бајден доведе до бран на продажби. Целиот пазар на криптовалути изгуби повеќе од 200 милијарди долари за само еден ден.

Слично

Поврзани вести