Повторно протест од пред СЈО
Пред зградата на Специјалното јавно обвинителство се собраа околу 1000 луѓе, од каде го започнуваат својот протестен марш против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција.
Демонстрантите ќе се упатат кон канцеларијата на Иванов во центарот на Скопје. Граѓаните извикуваат „Нема правда, нема мир“. Партиите денеска повикаа на мирни протести. Протестот е организиран преку социјалните мрежи, а бројот на демонстранти денеска е поголем од вчера. Протест имаше вчера при што демонстрантите револтот го иразија и со мавање со јајца кон канцеларијата на Иванов и Владата, а се собраа и пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Слично
