Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно пред Уставен изградбата на коридорите 8 и 10, спорни се работните часови

Повторно пред Уставен изградбата на коридорите 8 и 10, спорни се работните часови



Здружението „Гласен Текстилец" од Штип денеска поднесе иницијатива до Уставен суд за оспорување на членот од законското решение кое на конзорциумот Бехтел и Енка ќе му биде дозволено да ги гради новите автопати на Коридор 8 и Коридор 10 со тоа што на истите работниците ќе може да работат 60 часа неделно.

Според здруќението, работното време ќе може да се организира и распоредува така што работниците одредена седмица би можеле и да работат100 или 150 часа неделно, што е во спротивност на Уставот, Законот за работни односи, конвенциите на МОТ и претставува кршење на човековите и работничите права.

– Здружението „Гласен Текстилец"- Штип е против ваквото законско решение и денес ја испративме иницијативата пред Уставен суд за оценување на уставноста и/или законитоста со кое побаравме да се укине овој член кои предизвикува правна несигурност и е во спротивност на чл.32 од Уставот на РСМ и чл.116 од Законот за работните односи и меѓународните ратификувани конвенции кои го регулираат ова прашање, објави Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец".

Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за импементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 делница: Тетово-Гостивар-Букојчани и проектот за автопатот Требеништа-Струга-Ќафасан и Коридорот 10 делница на автопатот Прилеп-Битола предизвика 

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) истиот го оспори пред Уставниот суд со образложение дека тој ги крши уставните начела за слобода на пазарот, како и начелото дека Републиката ќе преземе мерки против монополска положба.

Меѓутоа, Уставен ја отфрли иницијативата на ДКСК. Првиот вицепремиер Артан Груби, кој сега е дел од владината работна група, одлуката на Уставен ја нарече „вест на годината“ бидејќи сега нема правни пречки да се оствари сонот на граѓаните за автопатско поврзување од Ќафасан со Албанија до Блаце со Косово.

Законот за изградба на коридорите 8 и 10 Д, кој овозможува директна зделка односно да нема тендер, беше донесен во Собранието, откако Владата претходно потпиша Меморандум за соработка со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за тие целосно да ги проектираат и изградат автопатиштата.

Слично

Поврзани вести