Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно поскапува храната на глобално ниво

Повторно поскапува храната на глобално ниво

Растат цените на храната во светот. Цените на светските берзи скокнаа во ноември, четврти месец по ред и остануваат на највисоко ниво во последните 10 години, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

Поскапувањето е резултат на зголемената побарувачка на пченицата и млечните производи. Цените на земјоделските производи драстично пораснаа во последната година поради зголемената побарувачка и недоволниот род.

ФАО неодамна ја намали прогнозата за производство на жито за 2021 година на 2,791 милијарди тони од 2,793 милијарди тони еден месец порано. Но, обемот на производство е рекорден.

Претходно, беше забележано поскапување на маслото, шеќерот, брашното. Климатските промени и пандемијата имаа удел во поскапувањето на храната. 

Слично

Поврзани вести