ПОВТОРНО ПОСКАПЕА: Од ноќеска литар бензин над 75 денари
Поскапуваат бензините, а поевтинува дизелот. Од вечерва на полноќ малопродажната цена на дизелот се намалува за половина денар, па литар дизел ќе се продава за 64 денари. Цената на бензините се зголемува за половина денар, додека бензините поскапуваат за половина денар. Литар БС- 95 ќе чини 73,5 денари, додека бензинот од 98 октани ќе се продава за 75,5 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува 64 денари/литар, додека мазутот М-1 НС поевтинува за 0,504 денари за килограм и сега ќе изнесува 39,360 ден./кг.
Во образложението на одлуката со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информираат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,238 отсто, кај дизелот за 0,08 проценти, кај екстра лесното масло има намалување за 0,112 отсто и кај мазутот намалувањето е за 1,447 процети, додека во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,154 проценти.
