Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно поплавени куќи во дел од Стајковци

Повторно поплавени куќи во дел од Стајковци
По непрекинатите врнежи од дожд жителите на Стајковци кои се во непосредна близина на Скопската обиколница се пожалија дека подрумите од куќите повторно им се поплавени и упатуваат апели за помош на социјалните мрежи, пренесува Мета. Според написите целосно е поплавена и улицата „6“ која се наоѓа на крајот на селото Стајковци, веднаш до обиколницата. - Дворот на мојата куќа е повторно поплавен и подрумите почнаа да се полнат. Инаку улица „6“ која се наоѓа веднаш до обиколницата е повторно поплавена, а луѓето се во паника. Подрумите и гаражите им се полнат со вода, сите стравуваат водата не им влезе и во домовите. Бараме помош од волонтери кои ќе ни помогнат во исцрпување на водата – напиша Марјан Алек Стевковски. Од Центарот за управување со кризи велат дека на нивните телефони никој не пријавил дека е поплавен и дека му треба помош.
Слично

Поврзани вести