ПОВТОРНО ПАЃА ВРЕДНОСТА: Колку рубљи се тргуваат за еден долар?
Повторно паѓа вредноста на руската валута рубљата. Таа сега е на најниско ниво во последниве три месеци.
Нејзината вредност се намалува во однос на доларот поради засилените геополитички ризици и остриот пад на акциите на „Гаспром“, објави во понеделникот Ројтерс. Еден долар се тргуваше за повеќе од 63 рубљи, а минатата недела се тргуваа 60 рубљи за долар. Геополитичките ризици и санкциите ги погодија руските пазари во последните седмици. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин анектираше четири региони на Украина, откако Москва одржа т.н. „референдуми“ – гласања кои беа осудени од Киев и западните влади како нелегални и принудни.
Откако почна руската инвазија на Украина, на 24 февруари, потоа имаше период кога 115 рубљи се тргуваа за еден долар.foto freepik.com/lena9208
Слично
