Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно масовни протести во Бугарија

Повторно масовни протести во Бугарија
Скандирајќи „Мафија", „Партии, заминувајте", „Нѐ има многу, силни сме" низ улиците, десетици илјади Бугари протестираа низ целата земја против сиромаштијата и корупцијата, и побараа надзор на цивилното општество врз институциите. Претседателот Росе Плевнелиев, кој искочи пред демонстрантите, беше дочекан со свирежи додека им се заблагодаруваше на „активниот цивилен став". Плевнелиев ги повика претставниците на демонстрантите, синдикатите и работодавачите на „расправа за важните проблеми кој стојат пред земјата" веќе следната седница, кои би се одржале во кабинетот на претседателот на државата. Бугарското Народно собрание во четвртокот ја прифати оставката на владата на премиерот Бојко Борисов од владејачката ГЕРБ (Граѓани за европски развој на Бугарија), откако владата во средата под притисок на протестите се реши на овој чекор. Претседателот Плевнелиев сега мора да формира експертски технички владин кабинет кој ќе биде задолжен за организација и спроведување на предвремените парламентарни избори пролетва.  
Слично

Поврзани вести