Повторно гори во Грција
Шумски пожари беснеат во централна Грција.
На две локации во близина на градот Ламија избија два пожари, од кои едниот е веќе ставен под контрола, а жителите на едно село превентивно беа евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина.
Пожарот на 12 километри северно од Ламија, во близина на селото Диври, чии што жители беа пренесени на безбедна локација, изби пред 15 часот по локално време во шумски дел и брзо се прошири.
Во гаснењето на пожарот учествуваат 42 пожарникари со 21 возило и 18 лица од пешадискиот тим, 5 авиони и 4 хеликоптери, а со 11 цистерни помагаат од општината и грчката полиција.
По првиот, брзо изби и втор пожар на шест километри северно од Ламија, кој пред 19 часот е ставен под контрола.
Од почетокот на летната сезона имаше повеќе пожари во Грција.
