Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно блокада на „Фени“ и патиштата

Повторно блокада на „Фени“ и патиштата

Транспортерите на фабриката „Фени“ најавија нови протести и блокади. Тие во понеделник три часа ќе го блокираат патот Кавадарци – мотел „Дреново“, но ќе постават блокада на влезот на фабриката и нема да дозволат ниту влез, ниту излез на камиони во комбинатот. Транспортерите порачаа дека блокадата ќе трае се` додека не им се исплати стариот долг, кој преку фирмата „Нова логистик“, им го остави претходниот сопственик на Фени, „Кунико“.

- Доколку закупците на Фени се обидат да вршат превоз со железнички транспорт од наша страна ќе биде блокирана и железничката пруга кај Росоман. Целта на протестите е изразување на револт поради не плаќањето на долговите кои Фени ги има кон транспортерите, а дозволувањето на закупецот да прави пофит без да ги плати долговите -  преупреди Трајче Пеовски, претседателот на Здружението на транспортери „Кипер“.

Ваквиот развој на ситуацијата следува откако пред неколку дена пропаднаа преговорите меѓу „Џи сол“, фирмата „Нова логистик“ и транспортерите. Швајцарците за тоа ги обвинија луѓето од  „Нова логистик“, кои според нив, не се придржувале на договореното кај вицепремиерот Кочо Анѓушев.  Од „Нова логистик“, пак,  одговорија дека „Џи сол“ е тој кој едно прифати пред вицепремиерот, а сосема друго ни предложи следниот ден.

Поради блокадите на транспортерите, неизвесно е кога закупецот на Фени, „Џи сол“ ќе почне со производство. Вицепремиерот Анѓушев пред еден месец најави дека во текот на февруари „Фени“ ќе почне да топи руда. Во меѓувреме ,од швајцарската компанија соопштија дека на работниците им ја исплатите заостанатата плата за октомври лани, која е дел од стечајната маса.


Слично

Поврзани вести