Поврзана енергетски Европа може да штеди до 40 милијарди евра годишно од сметките за струја
Целосно интегриран внатрешен европски пазар за електрична енергија може да им заштеди на корисниците на ЕУ меѓу 12 и 40 милијарди евра годишно до 2030 година, се наведува во резолуцијата усвоена од европратениците во вторникот. Во неа се наведува дека на Европската комисија нуди да си постави цел 10% меѓусистемна електроенергетска конекција до 2020 година и дополнување со поголеми амбиции до 2030 година.
"Парламентот се согласи вчера дека вкупниот енергетски пазар треба да биде камен темелник на енергетската унија", изјави известувачот Евжен Тошеновски (ЕКР, Чешка.) "Меѓутоа, кога земјите членки се соочуваат со доминантен снабдувач на енергија, пазарните правила треба да бидат поддржани од механизми за солидарност ", додаде тој, цитиран од прес-центарот на Европарламентот.
Според европратениците преку диверзификација на снабдувачи, правците и изворите на електрична енергија треба да се постигнат "поотпорни и конкурентни цени и трошоци за увоз на енергија". Сите инфраструктурни проекти на ЕУ, сепак треба да се целосно во согласност со законодавството на ЕУ за климата и енергетика и долгорочните цели и приоритети, вклучувајќи ја енергетската безбедност на ЕУ, сметаат претставниците на Европарламентот.
Безбедноста и конкурентноста на енергетските резерви ќе бидат клучен збор за Енергетската унија, велат пратениците, кои инсистираат ЕУ и нејзините земји членки да преговараат "со еден глас со трети земји" при изготвувањето на енергетски договори и да дадат на Европската комисија посилна улога " во преговорите поврзани со потрошувачката ".
Европратениците побараа "ревизија на постојното законодавство за енергетска ефикасност, вклучувајќи ја Директивата за енергетски карактеристики на зградите и Директивата за енергетска ефикасност". Тие истакнуваат дека 61% од увозот на гас се користи во згради, претежно за греење.
Обновливите извори не само што ја намалуваат зависноста од увоз, но и играат "клучна улога за подобрување на квалитетот на воздухот и создавањето на работни места и раст", забележува текстот. Европратениците додаваат дека нивниот развој е од "клучна за Енергетската унија".
Европратениците ја истакнаа потребата да се користи на најдобар можен начин постојната национална и прекугранична инфраструктура, за да може енергијата да се користи ефикасно и да се зајакне безбедноста на снабдувањето.
