Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно поскапеа горивата во Македонија

Повторно поскапеа горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на горивата во  Македонија.Според оваа одлука, која стапува на сила на полноќ, Еуросупер БС 95 и Еуросупер БС 98 ќе поскапат за 1,5 денари, додека Еуродизелот ќе поскапе за 1 денар по литар.

Со оваа одлука, цената на бензинот од полноќ ќе биде 77,5 денари, бензинот 98+ ќе биде 79,5 денари, додека цената на дизелот ќе биде 73 денари по литар.

Промени ќе има и кај екстра лесната нафта. Ќе се зголеми за 2 денари и со оваа цена по литар ќе биде 72 денари.

Во меѓувреме, мазутот ќе биде 41,7 денари.


Слично

Поврзани вести