Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВРЕДИ НА МОЗОКОТ И ГРАДНИОТ КОШ-ЕДЕН ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ЦЕНТИЊЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ: Клиничкиот Центар на Црна Гора за состојбата на пациентите

ПОВРЕДИ НА МОЗОКОТ И ГРАДНИОТ КОШ-ЕДЕН ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ЦЕНТИЊЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ: Клиничкиот Центар на Црна Гора за состојбата на пациентите

Клиничкиот Центар на Црна Гора соопшти дека еден од повредените во масакрот во Цетиње е во тешка состојба и животот му е загрозен. Тој е на одделението за интензивна нега, заедно со уште двајца други тешко повредени, додека само четвртиот пациент е во стабилна состојба.

Во соопштението се наведува дека двајца пациенти се надвор од животна опасност и се згрижени во болница во Цетиње, јавуваат подгоричките медиуми.

Една од ранетите хоспитализирани во Клиничкиот центар на Црна Гора во моментов е стабилен, надвор од животна опасност и е сместена на Клиниката за неврохирургија.

„Вториот пациент е третиран хируршки по приемот, има повреди на мозочните структури и коскените структури на главата и градниот кош, животот му е загрозен и се наоѓа на Централното одделение за интензивна нега“.

Во соопштението се додава дека третиот пациент има повреда во пределот на абдоменот хируршки е третиран и е на понатамошна интензивна терапија и мониторинг и исто така е сместен на одделението за интензивна нега.

„Четвртиот пациент има повреди на вратот и градниот кош, отворена фрактура на десната надлактица, исто така е оперативно третиран и се уште бара лекување на одделението за интензивна нега“, соопшти Клиничкиот центар на Црна Гора.

ФОТО: EPA/BORIS PEJOVIC

Слично

Поврзани вести