Повредените од тешката сообраќајка во Турција се враќаат дома
Македонските државјани кои беа полесно повредени во тешката сообраќајна несреќа во Малкара, Турција се враќаат дома со организиран автобуски превоз на агенцијата „Бога Транспорт“ со која и отпатуваа кон Истанбул.
Во турските болници остануваат уште неколку потешко повредени патници од автобусот, меѓу кои и една жена чии нозе се ампутирани како резултат на силниот удар.
МНР е во координација со турските власти и за враќање на телото на починатиот патник и се во контакт со неговото семејство.
Возачот на автобусот од турските власти беше посочен како виновник за несреќата во која се судри со товарен камион и се наоѓа во притвор додека трае истрагата.

Слично