Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повредените од сообраќајката кај Удово префрлени во Скопје заради сериозност на повредите

Повредените од сообраќајката кај Удово префрлени во Скопје заради сериозност на повредите
Шестмина од седумтемина повредени во сообраќајната несреќа која се случи утрово на патот Демир Капија - Удово се префрлени во Скопје заради сериозност на повредите. Веднаш по несреќата тие беа хоспитализирани во болницата во Велес, но претпладнево тројца биле префрлени на КАРИЛ, од кои две возрасни лица се со посериозни повреди, а едно дете со полесни повреди односно со скршеница на нога и е во добра здравствена состојба. Едно лице е хоспитализирано во Клиниката за хирушки болести „Св. Наум Охридски“, а двајца полесно повредени во Градската општа болница „8 Септември“. Едно 8-месечно бебе го загуби животот во сообраќајката предизвикана од директен судир на два автомобили со српски регистарски таблички. Мајката на бебето, 30-годишна жена, е со посериозни повреди и се бори за живот. Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, несреќата се случила во моментот кога двете возила се разминувале. „Увидот е направен од страна на јавен обвинител од Кавадарци и во соработка со увидната екипа од полициската екипа од полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во Неготино. Во моментов сообраќајот на овој потег се одвива нормално меѓутоа беше неопходно за одреден период утрово да биде запрен“, рече Јанкулоска. Утрово кај местото Арсова лака, меѓу Демир Капија и Удово, се судриле „Форд фиеста“ и „Шкода фабиа“, при што биле повредени сите осум патници во автомобилите. Бебето починало на пат кон велешката болница.
Слично

Поврзани вести