Повредени двајца параглајдеристи кои летале на Водно и Мечкин Камен
Двајца странски државјани, кои летале со параглајдери во Македонија се тешко повредени и сместени во Клиничкиот центар во Скопје.
Едниот е Финец, кој вчера со параглајдерот летал во буковата шума во близина Мечкин Камен и го повредил 'рбетниот столб. Веднаш потоа, со хеликоптер бил префрлен на Клиника во Скопје.
Другиот повреден е Германец, кој со параглајдерот летал од падините на Водно каде изгубил контрола и паднал. И тој се здобил со тешка повреда на пределот на 'рбетот и бил пренесен во Ургентен центар.
Слично
