ПОВРЕДЕН СРБИН ВО АВИОН НА РАЈАНЕР, ДОДЕКА АВИОНОТ ЛЕТАЛ НАД МАКЕДОНИЈА: Се откачил моторот па удрил во прозорот каде што седел патникот
Авион на „Рајанер“ што летал од Солун до германскиот Меминген,морал да се врати на аеродромот во Солун во петокот по сериозен дефект на моторот. Во инцидентот е повреден 61-годишен патник од Србија, а грчките власти започнале истрага за причината за дефектот.
Според грчкиот весник „Катимерини“, екипажот на летот FR1879, управуван од Боинг 737-8AS, забележал проблем со моторот додека авионот бил над Македонија. Бидејќи дефектот не можел да се поправи за време на летот, пилотите одлучиле да се вратат на аеродромот „Македонија“ во Солун.
При спуштањето, според првичните информации, дел од оштетениот мотор се одвоил и удрил во прозорецот на патничката кабина. Остатоците повредиле еден патник, но властите нагласуваат дека немало оштетување на структурата на трупот на авионот или декомпресија на кабината.
По приемот на повик за помош, на аеродромот беа активирани итни процедури. Пожарникари, полицајци, екипи на брза помош и други служби го чекаа авионот на пистата, каде што тој безбедно слета и беше префрлен на специјално одредена позиција.
BREAKING: Ryanair passenger reportedly saved from being sucked out the cabin after window fails during a flight from Thessaloniki to Memmingen.
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) July 10, 2026
According to local media Ryanair flight FR1879, a Boeing 737-8AS, returned safely to Greece on Friday after part of a damaged engine… pic.twitter.com/YPgRodjPFp
Четворица патници биле превентивно однесени во болница. Повеќето од нив биле пуштени по прегледот, додека еден патник бил задржан на дополнителни медицински прегледи.
Според грчките медиуми, станува збор за 61-годишен државјанин на Србија кој бил префрлен во Универзитетската болница АХЕПА во Солун, каде што требало да му се направи компјутерска томографија за да се утврди дали има скршеници. Лекарите му дијагностицирале гребнатини и повреди предизвикани од триење.
Подраматичен опис на инцидентот даде претседателот на Панхеленската федерација на вработени во државните болници (ПОЕДИН), кој тврди дека ситуацијата можела да заврши многу полошо.
„Речиси се случи трагедија. Прозорецот беше скршен, телото на патникот излезе, а неговата сопруга го држеше“, рече претседателот на ПОЕДИН, објавија локалните медиуми.
Овие тврдења сè уште не се официјално потврдени од воздухопловните власти или од „Рајанер“. Официјалните информации наведуваат само дека патникот претрпел полесни повреди откако делови од оштетениот мотор удриле во прозорецот на кабината.
По инцидентот, „Рајанер“ испрати резервен авион со кој повеќето патници го продолжија патувањето до нивната дестинација во Германија.
Надлежните грчки воздухопловни власти спроведуваат истрага за да утврдат што го предизвикало откажувањето на моторот и дали делови од моторот паднале за време на летот.
Авиокомпанијата „Рајанер“ го објави инцидентот што се случи во петокот наутро на летот од Солун до Меминген, кога, според извештаите, прозорецот на авионот испаднал за време на летот, пишува Блиц.
По инцидентот, компанијата „Рајанер“ потврди дека авионот се вратил на аеродромот во Солун кратко по полетувањето.
Авионот безбедно се вратил во Солун
Според компанијата, летот бил прекинат откако прозорецот на патникот се одвоил за време на летот.
