Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВРЕДЕН РУДАР СВЕДОЧИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО СОКО: Експлозијата ме фрли неколку метри

ПОВРЕДЕН РУДАР СВЕДОЧИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО СОКО: Експлозијата ме фрли неколку метри

Директорот на Општата болница во Алексинац, д-р Горан Видиќ изјави дека во таа установа се згрижени 18 повредени рудари, од кои 15 со полесни повреди.

- Двајца се со повреди на лактот, а еден со сериска фрактура на пет ребра, но и тој е надвор од животна опасност - вели Видиќ.

Еден од повредените рудари изјави дека ништо не ја навестувало несреќата.

- Немав поим дека вакво нешто ќе се случи. Само се сеќавам на експлозијата. Ме фрли неколку метри, но на ништо друго не се сеќавам - се зборовите на еден од повредените рудари кој бил згрижен во болницата во Алексинац.

- Неколку околни центри ги испратија сите свои екипи и дел од нив се транспортирани во Општата болница Алексинац - изјави директорот на Здравствениот дом Алексинац, Родобљуб Живадиновиќ.

ФОТО: Print screen/Exstra vesti

Слично

Поврзани вести