Повреден полицаец во Митровица откако на патрола е фрлена бомба
Припадник на интервентната единица на Косовската полиција е повреден синоќа кога врз патролата во Северна Митровица е фрлена рачна бомба.
По укажаната лекарска помош во Клиничко болничкиот центар во Северна Митровија кај полицаецот се констатирани полесни телесни повреди. Нападот се случил во најсеверниот дел на градот на излезот кон Звечани во непосредна близина на Косовската полиција и Судот, а напаѓачите избегале. Полицијата информира дека се оштетени повеќе возила меѓу кои и цивилни автомобили. Нападот е окарактеризиран како обид за тешко убиство. Истрагата е во тек.
Полициската патрола вршела контрола на сообраќајот во рамки на акцијата на полицијата за воспоставување ред и мир, откако претходната ноќ дошло до пукање од огнено оружје кога биле ранети две лица.
