Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВРАТ НА ДДВ: По 20 отсто од данокот за македонските производи

ПОВРАТ НА ДДВ: По 20 отсто од данокот за македонските производи

Управата за јавни приходи ќе им враќа по 20 отсто од платениот ДДВ за купените маедонски производи, а за останатите добра ќе се враќа по 10 отсто од пресметаниот данок искажан во поединечна фискална сметка. Оваа пресметка се врши oд денот на влегувањето во сила на Уредбата со законска сила и не подоцна од 31.12.2020 година, соопшти УЈП.

„Со цел  имплементација на  мерката преку која се поттикнува потрошувачката на македонските добра и услуги, Управата за јавни приходи брзо и ефикасно ја прилагоди апликацијата МојДДВ преку која на граѓаните кои скенираат фискални сметки за купените македонски добра и услуги ќе им се изврши поврат во висина од 20%, а за останатите добра и услуги во висина од 10% од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка, велат оттаму.

Со овие прилагодувања, за скенираните сметки од 12.06.2020 година,  повторно ќе се изврши пресметка,  според раздвојувањето на македонски добра и услуги со 20% и останати  добра и услуги со 10%,  наместо досегашните 15% поврат на ДДВ. Поради оваа повторна пресметка износот на повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесчје може да претрпи промена.


Слично

Поврзани вести