Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВОЗРАСНИТЕ ПОТЕШКО ДО НОВА РАБОТА – ново намалување на бројот на невработени, еве во кој град има најмногу

ПОВОЗРАСНИТЕ ПОТЕШКО ДО НОВА РАБОТА – ново намалување на бројот на невработени, еве во кој град има најмногу

Бројот на лица кои бараат работа и се пријавуваат во Агенцијата за вработување во Македонија континуирано се намалува. Од почетокот на годинава секој месец Агенцијата бележи благ пад на невработените.

На почетокот на годината имало 90.214невработени граѓани, а веќе во февруари бројот се намалил на 89.340 невработени. Во март има ново намалување и тогаш вкупно невработени биле 88.661 граѓани, а веќе во Април нивниот број се намалил на 87.621 граѓани кои се невработени. Трендот продолжил и во мај месец, кога биле пријавени 86116 граѓани кои се невработени.

Оваа година се забележува намалување и на граѓаните кои се пријавуваат во групата други лица кои бараат. Овде грубо бројките се движеа околу 42 илјади, и за споредба во јануари имаше 42.917 пријавени лица, додека пак во мај бројот спадна на 41.332.

Бројките на Агенцијата покажуваат дека најтешко се вработуваат лицата кои остануваат подолги години под заводот, и лицата кои се повозрасни.

Најголема група меѓу невработените лица се оние кои бараат работа од пет до седум години и тука има пријавено 22.122 граѓани. Веднаш зад нив се лицата кои бараат работа осум години и повеќе и тука се пријавени 12.905граѓани. Трети група на најмногу пријавени невработени се оние тазе останале без работа, односно кои бараат работа од 1 до пет месеци и тука има 11.619невработени граѓани.

Бројките говорат дека иако се намалува вкупниот број на невработени во земјава, најпроблематично е да се најде работа за постарите лица. 

Бројките покажуваат дека лицата на возраст над 55 години, како и оние над 60 години кои имаат само неколку години до пензионирање најтешко можат да најдат нова работа во случај да станат невработени. Групата на граѓани на возраст меѓу 55 и 59 години е најбројната група меѓу невработените пријавени граѓани во Агенцијата за вработување на Македонија.

Па така според последните податоци за месец мај, во оваа категорија имало 12.778 невработени граѓани, а веднаш по нив се лицата од 50 до 55 години, со вкупно 11.507 невработни, па следуваат оние со над 60 години каде имало 11.157невработени.

Најголем број од невработените лица се во град Скопје, каде се регистрирани дури 19.456 невработени лица, додека следен град со најмногу невработени е Тетово со 11.086 лица кои се на листата баратели на работа. Потоа следува Куманово со 9.009 кои се пријавуваат како невработени.

П.О.

Слично

Поврзани вести