Повлечете ги веднаш – Сугестија на Професорскиот пленум до Премиерот за предлог измените во високото образование!
Од Професорскиот пленум по повод барањето на Владата за испраќање на сугестии за предлог-измените на Законот за високо образование денеска се изјаснија кратко и децидно: „Повлечете ги веднаш“.
- Почитуван Премиер на Република Македонија, Професорскиот пленум со особено задоволство Ви соопштува дека има една сугестија за предлог-измените во Законот за високо образование - Повлечете ги веднаш!- стои во официјалното соопштение упатено до медиумите.
Професорскиоте пленум кој ги поддржува студентите во иницијативата против новите законски измени во високото образование вчера одбија да пристствуваат на дебатата во Собранието, коментирајќи дека со овие незначителни одстапки Владата покажала дека не бара повлекување на спорните точки туку бара минимални технички промени.
