Повисоки сметки за вода ќе плаќаат во Крива Паланка
За водата за пиење наместо 17 денари за метар кубен домаќинствата во Крива Паланка ќе плаќаат по 24 денари. За правните лица износот од 26 денари се зголемува на 38 денари.
Зголемена е и цената на услугата за собирање смет за која наместо сегашните 143 денари месечно ќе се плаќаат по 230 денари, а за услугата за гробарина наместо 300 денари на годишно ниво ќе се плаќа по 500 денари.
Ваквиот чекор за зголемување на цените на комуналните услуги Томе Тодоровски, директор на „ЈП „Комуналец“ вели дека е резултат од пресметките кои укажуваат за нормално функционирање на претпријатието.
Тодоровски потенцираше на фактот што ЈП „Комуналец“ во наредниот период има развојна програма во која се опфатени покрупните зафати, а тоа е реконструкција и проширување на водоводната мрежа, подобрувањето во собирањето на сметот, проширување на депонијата, одржување на јавните површини за здрава животна средина, изградба на капела и одржување на старите и нови градски гробишта. Единствениот начин според Тодоровски овие нови дополнителни финансиски средства е да ги обезбедат преку зголемување на цените на услугите.
