ПОВИСОКИ ПЛАТИ ОД ЛАНИ: Koлку заработуваат Хрватите?
Просечната нето плата во Хрватска во јуни била 1.315 евра.
Во Хрватска во јуни годинава просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во правни лица била 1.315 евра, што е за 11,6 отсто повеќе од јуни минатата година, но и за 0,7 отсто помалку во однос на мај 2024 година, објави во среда Бирото за статистика (ДЗС). Просечната месечна бруто-плата по вработен во правните лица во Република Хрватска во јуни изнесува 1.819 евра, што реално е за 11,7 отсто повисока од претходната година, но и за 0,7 отсто помала од мај.
Според податоците, највисока просечна месечна исплатена нето-плата во јуни, од 1.981 евро, е исплатена во здравствениот сектор, додека најниската од 845 евра е во производството на облека. Производството на облека има најниска просечна бруто-плата по вработен во правните лица во јуни, 1.091 евро, а највисока од 2.942 евра има во производството на кокс и рафинирани нафтени деривати. Во регионот Македонија има најниски плати. На ова вчера укажаа од Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) кои бараат минималец од 450 евра.
foto freepik.com/weyo
Слично
