ПОВИСОКИ ПЛАТИ ОД ЈУНИ, ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА ОД ПОШТА ОД АВГУСТ: Почна штрајкот, ама има и ветувања за решение
Почна штрајкот во АД Пошта на Северна Македонија. Претседателот на Синдикатот Боро Велигденов во присуство на директорот на пошта Јани Макрадули изјави дека од утрово почнале, како што ги нарече интензивни преговори за надминување на ситуацијата.
„Нивниот предлог е линеарно зголемување на платите на вработените првенствено на тие од технолошкиот процес од 1 јуни, а за останатите од администрацијата 1 август. Преговорите продолжуваат и предлогот ќе биде разгледан со управите на синдикалните организации, а доколку се прифати спогодбата, штрајкот ќе биде прекинат. Дотогаш штрајкот е во тек, изјави Велигденов.
Синдикатот бара линеарно зголемување на платите од 3.000 денари. Се бара и гаранција за зачувување на работните места, редовна плата и нова систематизација.
Сите детали овде
