Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повисоки даноци, пониски плати и загуби од над 5 милијарди евра за грчките семејства

Повисоки даноци, пониски плати и загуби од над 5 милијарди евра за грчките семејства

Домаќинствата во Грција загубиле 5,4 милијарди евра за една година, покажуваат податоците на националната статистичка служба ЕЛСТАТ.

Како што пренесува електронското издание на грчкиот весник „Прото тема“,  од второто тримесечје лани, до истиот период оваа година оданочувањето на приходите е зголемено над 37 проценти. Платите на Грците се намалени за 15,1 отсто, а социјалните примања за 9,5 проценти. Потрошувачката е ограничена, има пад на инвестициите во нефинансискиот сектор, а пазарите бележат загуби од 2,9 милијарди евра.  
Слично

Поврзани вести