Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повисоки цени на бензините за половина денар од полноќ

Повисоки цени на бензините за половина денар од полноќ
Цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се зголемуваа за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстралесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 22.04.2014 година. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50ден/лит и цената на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 56,00 ден.лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,089 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 22.04.2014 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 39,710 ден/кг, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 109,075 $/барел и е за 1,26% повисока од просечната цена на сурова нафта (107,719 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 44,4755 ден/$ и е за 0,36% понизок од курсот на доларот (44,6368 ден/$) по кој беа формирани цените, информираат регулаторите.  
Слично

Поврзани вести