Повисоки цени на бензините
Од ноќеска на полноќ, нови повисоки цени на нафтените деривати. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,31%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 2.06.2014 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти во однос на цените утврдени со Одлуката од 2.06.2014 година и со тоа цената на ЕУРО ДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,00 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 57,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,235 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 2.06.2014 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 41,871 ден/кг.
