Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВИСОКА НЕТО И БРУТО ПЛАТА ОД ЛАНИ: Колку изнесува просекот за август?

ПОВИСОКА НЕТО И БРУТО ПЛАТА  ОД ЛАНИ: Колку изнесува просекот за август?

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2017, изнесува 22 912 денари, а бруто износот бил 33 675 денари. Во август 2017 година, 1.1% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата  по вработен, во август 2017 година, во однос на август 2016 година, изнесува 102.8. 

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по  вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (32.7%), Уметност, забава и рекреација (10.9%) и Стручни,  научни и технички дејности (9.4%). 
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (31.2%), Уметност, забава и рекреација (10.8%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.5%). 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата  по вработен, во август 2017 година, во однос на август 2016 година, изнесува 102.7. 

Слично

Поврзани вести