Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВИСОК ГРАЃАНСКИ ДОХОД И БОНУСИ: Ова стартува од 1 јули во Германија

ПОВИСОК ГРАЃАНСКИ ДОХОД И БОНУСИ: Ова стартува од 1 јули во Германија

Во Германија ќе се коригираат примањата на работниците. Новите германски правила ќе влијаат на платите на работниците и стапуваат на сила од 1 јули.

Граѓанскиот приход од јули е зголемен за сите оние кои го добиваат покрај месечните примања. Тоа значи дека со приход меѓу 520 и 1.000 евра сега можете да земете 30 отсто, наместо досегашните 20 отсто од граѓанскиот приход. Тоа во пракса значи дека паричникот на многу жители ќе има и до 48 евра повеќе од износот на примениот граѓански приход. Германските власти ќе воведат бонус за продолжување на образованието, пишува порталот Феникс. Владата најави дека работниците кои добиваат граѓански надомест, а сакаат дополнително да се усовршуваат за да се стекнат со професионална квалификација, ќе имаат право на бонус од 150 евра месечно.

„Дополнително, можат да добијат и бонус за обука за полагање на средно и завршен испит“, велат од Заводот за вработување.

Тука е и остварувањето на правото на 75 евра месечно како дополнителен надоместок за доусовршување кое трае подолго од осум недели.  Учениците, студентите и специјализантите  ќе имаат корист од значајните промени воведени од 1 јули. Приходите во иднина ќе можат да ги одржуваат до лимитот за мини вработувања кој моментално изнесува 520 евра. Истото се однесува и за џепарлакот што ги добиваат преку федералната волонтерска служба и доброволната социјална година.

Инаку, два швајцарски града го зголемија минималецот на 4.000 евра, но има критики, односно одредени партии и граѓани не се задоволни. 

foto freepik.com/claudiodiv

Слично

Поврзани вести