Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВИК: Започнете бизнис со неповратни 3.200 евра

ПОВИК: Започнете бизнис со неповратни 3.200 евра

Се до 29 јануари ќе трае повикот за доделување грантови за самовработување во 2016. Програмата ја организира Владата во соработка со УНДП, а досега според информации на надлежните се отворени над 7600 фирми.

Сите невработени кои имаат идеја за започнување на сопствен бизнис може да се пријават со аплицирање на огласот кој го објави агенцијата за вработување , оние кои ќе бидат изберени прво ќе добијат обука, а потоа ќе може да аплицираат за средства.

Неповратна поддршка се добива од 3200 евра во вид на опрема, материјали и експертска помош.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев истакна дека по распишувањето на огласот агенцијата за вработување ќе ги води сите лица кои што ќе изразат интерес за користење на овие средства во рамките на целиот процес, ќе добиваат совети од нејзе се со цел да се финансираат со средствата од државата оние бизниси кои што ќе покажат најголема продуктивност и квалитет, се со цел покрај тоа што ќе се самовработат лицата кои ќе ги отворат овие бизниси и ќе ги поддржат финансиски.

Надлежните очекуваат со овој повик да се креираат нови 1000 работни места.

Слично

Поврзани вести