ПОВИК ДО ПАВЛОПУЛОС ДА НЕ СТАВИ ПОТПИС: Нов протест против Договорот од Преспа
Грците кои се против Договорот од Преспа го повикуваат грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос да не го потпишува законот за ратификација на договорот и подготвуваат нов „голем митинг“ кој треба да се одржи на 27-ми јануари.
Ова го соопштија денеска од грчкото здружение Семакедонска конфедерација. Тие велат дека Павлопулос има света должност да го прекине Договорот од Преспа.
Во неделата на 20-ти јануари во центарот на Атина се одржа митингот под мотото „Македонија е Грција“, на којшто учествуваа, според процените на полицијата на грчката престолнина 60.000 луѓе, медиумите проценуваат дека имало околу 250.000 луѓе, додека организаторите кои најавуваа милион демонстранти соопштија за „стотици илјади“. Во текот на протестите дојде до судир со полицијата на група лица кои се обиделе да се пробијат кон зградата на парламентот. Полицијата употреби солзавец на плоштадот Синтагма, поради што илјадници луѓе биле принудени да го напуштат плоштадот.
Велат дека сите протести се непартиски.
