Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повик до луѓето да останат дома - во Сплит се шета маж со калашников?

Повик до луѓето да останат дома - во Сплит се шета маж со калашников?

Паника има во хрватскиот град  Сплит откако маж со калашников се шета по улиците, а властите ги повикаа луѓето да останат дома. 

Сплитската полиција добила пријава дека во Смоковик е виден маж како шета со калашников, објавуваат хрватските медиуми.

„Пријавата е примена околу 11:30 часот. Се пребарува подрачјето на Смоковик и Драчевац, но досега не е пронајдено такво лице. Во меѓувреме добивме уште две пријави од лица кои индиректно биле запознаени со случајот. Прегледани се сите достапни снимки од видео надзорот“, изјави Тино Милат од полицијата.

Полицијата и натаму го бара лицето.

Слично

Поврзани вести