Повеќето балкански земји го бојкотираат нобеловецот Хандке кој негирал воени злосторства
Повеќе балкански земји ќе го бојкотираат доделувањето на Нобеловата награда за литература на контроверзниот австриски писател Петер Хандке.
Македонија се солидаризира со земјите од регионот.
Петер Хендке од дел од европските политичари е обвинет дека бил близок со Слободан Милошевиќ и дека го минимизирал или негирал злосторствата против човештвото во Босна и Херцеговина.
Приштинските медиуми објавија денеска дека и „високи претставници на шведската Академија“ ќе ја бојкотираат церемонијата.
Хендке изјави дека не се
чувствува виновен за обвинувањата.
Хрватска и БиХ, Албанија и Косово го бојкотираат доделувањето на Нобеловата награда.
Викендов против изборот на Хандке за Нобелов лауреат протестираше и Министерството за одбрана на Турција. Претходно се слушнаа и жестоки реакции од страна на организацијата „Мајки од Сребреница“.
