Повеќе туристи во февруари ја посетиле Македонија
Во февруари годинава вкупно 27.278 туристи ја посетиле Македонија и оствариле 60.619 ноќевања, покажаа податоците на Државниот завод за статистика.
Според нив, бројот на туристи се зголемил за 6,6%, а на ноќевањата за 3,9%.
Поголемо зголемување се бележи кај бројот на домашни туристи, кои во февруари годинава биле побројни за 10,3 проценти во однос на ланскиот февруари, додека во истовреме земјава ја посетиле и 4,1 проценнт повеќе странски туристи.
Кај ноќевањата на домашните туристи зголемувањето е за 3,6 проценти, а на странските туристи за 4,2 проценти.
Во првите два месеци од годинава во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите што ја посетиле Македонија е зголемен за 1,3 проценти.
Слично
