Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драматичен раст на бројот на разводи во Македонија!

Драматичен раст на бројот на разводи во Македонија!
Расте бројот на разводи, а се намалува бројот на склучени бракови, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во последните 17 години во Македонија за 2,7 пати е зголемен бројот на  бројот на разводи, а во истовреме за 11,6% е намален бројот на склучени бракови. - Мажите многу почесто се одлучуваат за трет брак за разлика од жените, па така лани 107 мажи стапиле по трет пат во брак, а трет пат пред олтар застанале само 32 жени. - Кризите во бракот кај оние што се заедно повеќе од пет години се најопасни, бидејќи тогаш има и најмногу разводи. Но не е мал бројот на оние што се развеле по 25 години брак. Нивниот број изнесува 169, и е нешто помалку од оние шо се развеле по само една година брак. - Во однос на професиите, минатата година се развеле 11 мажи  и 9 жени кои извршуваат некаква политичка функција – дипломати, директори, државни фунцкионери или членови на извршни тела.

Бројот на разводи од 1995 до 2012 година е зголемен за 2,7 пати, односно во 1995 година имало 710 разводи, додека според податоците на Државниот завод за статистика во 2012 година имало 1.926 разводи.Анализата на податоците покажува дека трендот на зголемување на бројот на разводи започнува во 1997 година и постојано е во нагорна линија, освен во 2008 и 2009 година кога е регистрирано намалување на бројот на разводи во однос на претходните години. Но веќе во 2010 година повторно продолжува да се зголемува.Во истиот временски период кога се анализирани разводите, податоците покажуваат дека е се намалува бројот на склучени бракови, но со помал интензитет. Односно за 17 години во Македонија за 11,6% е намален бројот на склучените бракови или во 1995 година има 15. 823 склучени бракови веќе во 2012 година во брак стапиле 13.991 парови.

 225 мажи стапиле во брак постари од 55 години Во однос на возраста може да се заклучи дека жените најмногу стапуваат во брак на возраст меѓу 20 и 24 години, додека мажите на возраст меѓу 25 и 29 години најчесто се одлучуваат за брак. По 55 –та година, дури 225 мажи стапиле во брак за разлика од жените каде бројката на склучени бракови по оваа возраст е 84. Минатата година, од вкупно склучените 13.991 бракови, прв брак им бил на 12 672 и 12 961 жена, втор брак им бил на 1. 212 мажи и 998 жени. Во трет брак влегле 107 мажи и 32 жени. Кавгите се најопасни по 5 години во брак ! Според анализата, најопасни се кавгите меѓу сопружниците  по влегувањето во петтата година од бракот. Токму тогаш имало и најголем број на разводи, односно од вкупно 1 926 разводи минатата година дури 440 биле кај сопружници кои биле во брак меѓу пет и девет години. Најмалку се разведуваат во четвртата година од бракот. Но интересен е податокот дека оние што се во брак меѓу 10 и 14 и меѓу 15 и 19 години многу повеќе се одлучуваат на развод од оние кои се во брак помалку од три години. А дури 169 сопружници се развеле по 25 години брак. И мажите и жените најмногу се разведуваат кога се на возраст меѓу триесетатата и четириесетата година.Но, податоците покажуваат дека по четириесетата година, мажите повеќе се одлучуваат на развод во однос на жените кои се на иста возраст. Жените пак повеќе се одлучуваат на развод кога имаат помалку од триесет години во однос на мажите кои се на истите години. Во кои професии има најмногу разводи ? Минатата година во однос на професиите, Државниот завод за статистика, регистрирал дека мажите и жените кои се занимаваат со елементарни занимања најчесто се разведуваат, следни се службениците,  потоа стручњаци и научници како и течничарите и сродните соработници.  Најмногу разводи има и кај мажите и кај жените кои имаат непозната професија. С.Н.
Слично

Поврзани вести