Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе работници во индустријата и помало индустриско производство

Повеќе работници во индустријата и помало индустриско производство

Бројот на работниците во индустријата во март годинава во однос на март лани бележи раст од 0,1%, а во првиот квартал за 0,3%. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2017 година, во однос на март 2016 година, изнесува 99.1.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари-март 2017 година, во однос на периодот јануари- март 2016 година, изнесува 98.5.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во март 2017 година, во однос на март 2016 година, бележи опаѓање од 4.1%, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0.7%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.3%.

Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: производство на прехранбени производи, производство на облека, производство на метали, производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и 
производство на моторни возила, приколки и полуприколки. 

Според главните индустриски групи, производството во март 2017 година, во однос на март 2016 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 3.9% и трајни производи за широка потрошувачка за 40.5%, додека опаѓање бележи кај енергија за 3.5%, капитални производи за 7.6% и нетрајни производи за 
широка потрошувачка за 2.7%.

Слично

Поврзани вести