Повеќе пожари кај Шибеник, ситуацијата се влошува, ветерот го носи огнот
Како што пишуваат медиумите од соседството, кратко време пред 12 часот избувнале неколку пожари околу Шибеник.
На пожарот во Поди Дубрава работат 2 канадери, 38 пожарникари со 12 противпожарни возила, а на обиколницата Водичка 2 канадери и 2 ертрактор и 61 пожарникар со 22 противпожарни возила, соопштија од Хрватскиот противпожарен сојуз.
Според командирот на ЈВП Водице, Иван Бегиќ, водичката обиколница кон клубот Хациенда е затворена.
- Ситуацијата се влошува, ветерот го носи пожарот од автопатот кон Бенковачка цеста. Во моментов има три авиони за гаснење пожар. Налетите на ветрот се се посилни, а за жал гори многу густа вегетација - изјави Бегиќ, пренесува „Н1“.
Поради пожарот затворена е делницата меѓу Шибенички мост и крајот на обиколницата водилка. Турата е по државниот пат DC27 кон Бенковац, јавува ХАК. Министерството за внатрешни работи нешто пред 15 часот соопшти дека е затворен и дел од патот Бенковац:
„Поради непречена работа на пожарникарите затворен е и следниот пат: делница Д-27 – т.н. Бенковац пат од Јадранска магистрала до кривината за Водице“.
Гори и во Дубрава кај Шибеник. „Ситуацијата во Дубрава е нешто подобра отколку на автопатот. Борова шума и ниска вегетација, се уште не ја знаеме вкупната опожарена површина“, изјави за Шибеник.ин командирот на ЈВП Шибеник Волимир Милошевиќ.
Според првите информации пожарот поради невремето брзо се шири.
Од Водице не се стигнува до Шибеник, изјавија за Индекс пожарникарите на Водице.
- За 5 минути почна да гори на три места“, велат пожарникарите. Два пожари горат кај кривината за Јадрија и еден кај шибеничка Дубрава.
„Три пожари во моментов се активни на подрачјето на ПУ Шибеник-Книн, од кои два се во делот на водичката обиколница на кривините кон Јадрија и Шрима. Третиот пожар е на подрачјето на Дубрава.
Фото: Принскрин/Фејсбук
