Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе одобренија за градба во ноември, колку станови ќе се градат?

Повеќе одобренија за градба во ноември, колку станови ќе се градат?

За 14,2% пораснал бројот на издадени одобренија за градење во ноември лани во споредба со истиот месец од 2015 година. 

За овој период предвидена е изградба на 985 станови со вкупна корисна површина од 86 342 м2.

Овој податок го објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, во ноември се издадени 363 одобренија за градење, а предвидената вредност на објектите изнесува 6.030.217 илјади денари. Тоа е за 0,8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 219 се наменети за објекти од високоградба, 54 за објекти од нискоградба и 90 за објекти за реконструкција. Во најголемиот број случаи односно кај 239 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 124 објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во октомври лани пак се издадени 291 одобрение за градење што е за 10,7%  помалку во споредба со истиот месец од претходната година. Со нив е предвидена изградба на 675 станови со вкупна корисна површина од 52.163 метри квадратни.

Слично

Поврзани вести