Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе од осум тони шверцувано моторно масло фатено во Косово

Повеќе од осум тони шверцувано моторно масло фатено во Косово

Шверц на нафта во Косово, запленети над 8 илјади литри моторно масло со потекло од Иран. Цариниците на Косово упаднаа во магацин за кој постои сомневање дека поседува шверцувана стока.

Токму на периферијата на Приштина наишле на 8346 литри шверцувано моторно масло, со потекло од Иран. Според соопштението, вредноста на стоката достигнува сума од 10 илјади евра.

За овој случај е известено Основното обвинителство во Приштина и под раководство на обвинител, по предметот се постапува со кривична пријава, а стоката е одземена.


Слично

Поврзани вести