Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ, А ПОМАЛКУ ОД МАЈ: Колку заработуваат Црногорците?

ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ, А ПОМАЛКУ ОД МАЈ: Колку заработуваат Црногорците?

Во јуни просечна плата во Црна Гора изнесувала над 1.000 евра.

Просечната нето плата во јуни 2025 година изнесуваше 1.010 евра, што претставува мало намалување од 0,4 проценти во споредба со мај. Според податоците на Управата за статистика (Монстат), бруто заработката во истиот месец изнесуваше 1.203 евра.

Во споредба со јуни минатата година, просечната нето плата забележа силен раст од 20,5 проценти, што укажува на номинално значајно зголемување на приходите на граѓаните во претходните 12 месеци.

Но, потрошувачките цени се зголемија за 0,4 проценти во јуни, а платите номинално се намалија за ист процент, така реалните плати  забележаа пад од 0,8 проценти во споредба со мај, пренесува Инвеститор.ме.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести