Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе од 500 полицајци го стегаат обрачот околу „Малчанскиот Бербер“

Повеќе од 500 полицајци го стегаат обрачот околу „Малчанскиот Бербер“

Со повеќе од 500 полицајци, властите во Србија го бараат Нинослав Јовановиќ кој ја киднапираше малата Моника Каримановиќ.

Полицијата е сконцентрирана во неговото родно место, селото Малчан кај Ниш.

Синоќа е пребарано селото Јасеновиќ, но тој не е пронајден. 

12- годишната Моника која пред два дена е спасена и успеала да побегне од Нинослав Јовановиќ, Нова Година ќе ја дочека во болница.

Девојчето исчезна на 20 декември на пат кон училиште. Откако е спасено е сместено на детското одделение во клиничкиот центар во Ниш. Обезбедувањето на клиниката и полицијата се грижат никој освен мајката и лекарите да немаат пристап до неа. Локалните медиуми пишуваат дека психофизичката состојба на девојчето е добра.

Јовановиќ кој е познат како „Берберот од Малчан“ затоа што своите жртви прво ги потстрижува, а потоа ги силува. Тој претходно бил во затвор за силување. 

Експертите веќе во 2005 година утврдија дека Јовановиќ,  не бил душевно болен, но имал психопатична структура на личноста.

Слично

Поврзани вести