Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе од 500 евра се потребни за минималната кошничка!

Повеќе од 500 евра се потребни за минималната кошничка!
На едно просечно честиричлено семејство во март му биле потребни 32.040 денари или околу 520 евра само за да ја покрие минималната синдикална потрошувачка кошничка, пресмета Сојузот на синдикати на Македонија. Еве што вклучува таа: Месечни трошоци во март (во денари) Исхрана и пијалоци                            13.500 Домување                                               10.266 Хигиена                                                     2.195 Превоз                                                        2.339 Облека и обувки                                     2.043 Култура                                                    1.070 Одржување на здравје                           664 Статистичките податоци, во меѓувреме, покажуваат дека голем број од семејствата во Македонија живеат со помалку од 500 евра месечно, што значи дека не можат да си ги дозволат ниту овие основни потреби. Последната просечна нето плата во земјава изнесува 21.327 денари, додека околу 15% од вкупниот број вработени во Македонија работат, но не земаат плата.
Слично

Поврзани вести