Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВЕЌЕ ОД 420 МЛАДИ УЧАТ ПО ГЕРМАНСКИ СТАНДАРДИ - Германската комора задоволна од дуалното образование

ПОВЕЌЕ ОД 420 МЛАДИ УЧАТ ПО ГЕРМАНСКИ СТАНДАРДИ - Германската комора задоволна од дуалното образование

Германската комора во Македонија се осврнува на неодамнешната посета на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер на нашата држава.

Како што е познато, тој беше придружуван од бизнис делегација предводена од Штефан Венцел, Државен секретар на Сојузниот министер задолжен за економски прашања и заштита на климата.

Заедно биле посетени центарот за обука во компанијата Dräxlmaier, партнер на Германската комора при спроведување на дуално стручно образование по германски модел. 

„Делегацијата на Германското стопанство и Dräxlmaier беа иницијатори за воведување на дуално стручно образование во земјава, при што Делегацијата беше во улогата на координатор на целата програма. Како дел од програмата Skills Expert, која е финансирана од Сојузното Министерство за економија и клима, во моментов во земјава повеќе од 420 млади луѓе се обучуваат според германски стандарди. Со својата посета, претседателот на Сојузна Република Германија го потврди значењето на партнерството помеѓу државните институции, компаниите кои спроведуваат дуално стручно образование по германски стандарди и Делегацијата на германското стопанство“, вели во својата изјава до медиумите Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство.

При посетата кај директорот на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски, со бизнис делегација се информирале за концептот на поддршка на странските инвестиции како и за можностите кои им ги нуди ТИРЗ.

„Во оваа дводневна посета бевме и на заедничка работна средба кај министерот за економија, Крешник Бектеши. Тој првично говореше за значењето на германските инвеститори во земјата. На средбата се разговараше за темите зелена агенда, користењето и проширувањето на можностите за користење на обновливите енергии за германските инвеститори, но и за потребата од внесување на измени во законот за енергетика“, се вели во соопштението.

Слично

Поврзани вести