Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе од 30 лекари дадоа откази во босанско гратче

Повеќе од 30 лекари дадоа откази во босанско гратче

Лекарски бунт се случи во Босна и Херцеговина(БиХ), а 32 доктори дадоа отказ поради ниските плати. 

Повеќе од 30 лекари од Кантоналната болница и од Домот на здравје во Ливно утрово поднеле откази поради ниските плати и лошите услови, пренесува „Н1“.
„Докторите се незадоволни од односот на Владата на Кантон 10 и надлежното министерство кон нивните барања за подобрување на материјалните права“, изјавил д-р Ивица Јозиќ, претседател на Синдикатот на лекарите во тој кантон.
Станува збор за 85 отсто од специјалистите во болницата и домот на здравје во Ливно, додека за останатите здравствени установи Синдикатот сè уште нема точни податоци.

Лекарите ќе работат до следниот понеделник, кога завршува отказниот рок.

Лекарите во Ливно се незадоволни од својот материјален статус, кој, како што велат, е меѓу најлошите во Федерацијата на БиХ.

Зголемувањето на платите од три проценти, кое го понудила Владата, е оценето како неприфатливо.

Покрај ниските плати, лекарите предупредуваат и на сериозен недостиг од кадар, поради што се принудени да работат двојно повеќе дежурства од законски пропишаниот максимум.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести