Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе од 20.000 мејлови до Генералниот секретаријат од граѓани со забелешки за платежните картички

Повеќе од 20.000 мејлови до Генералниот секретаријат од граѓани со забелешки за платежните картички

Нина Ангеловска, министерката за финансии, на денешната прес-конференција информираше дека повеќе од 20.000 мејлови со приговори и забелешки биле испратени на еектронската пошта на Генералниот секретаријат на Владата, каде што може да се обрати секој граѓанин за кој не следува платежна картичка од кампањата „Купувај домаШно“ а за која смета дека треба да ја добие.

- Не се сите приговори, меѓу нив има и многу прашања. Формиран е веќе тим од луѓе во Генералниот секретаријат кои ги категоризираат одговорите согласно природата на пораката која што е пристигната. Има граѓани кои виделе дека се добитници, но прашуваат како да ја добијат, да ја активираат и да плаќаат, рече Ангеловска.

Министерката додаде дека граѓаните навремено ќе бидат информирани доколку нивните приговори бидат прифатени.

Слично

Поврзани вести