Повеќе од 100 милиони работници се сиромашни поради пандемијата
Ковид однесе во сиромаштија повеќе од 100 милиони работници во светот. Жени, млади луѓе, мигранти, неформални работници, страдале непропорционално од кризата.
Од Меѓународната организација на трудот на ОН, велат дека со пандемијата е уништен напредокот остварен во рок од пет години во искоренување на работната сиромаштија. Во споредба со 2019 година, 108 милиони повеќе работници ширум светот сега се сиромашни или крајно сиромашни. Глобалната невработеност се очекува да достигне околу 205 милиони луѓе следната година. Многу земји влегоа во рецесија.
Економската криза во Либан е една од најтешките во последните 150 години, проценува Светска банка. Скоро пет милиони Либанци живеат во сиромаштија. Десетици илјади луѓе останаа без работа, а многумина ја напуштија државата во потрага по подобар живот.
foto freepik
Слично
