Повеќе од шест часа се преговара во Пржино, меѓу другото и за преодна влада
Повеќе од шест часа се преговара во Пржино за излез од политичката криза.
Теми на кои разговараат партиските работни групи се медиумите, прочистувањето на избирачкиот список, преодна влада.
Партиите се „заглавени“ на ингеренциите за кадровски смени на министерот за внатрешни работи во преодната влада. Владата ќе има мандат од 100 дена и би била функционална од август, ако изборите бидат до крајот на годината.
Составот на ад-хок телото ќе го предложат партиите, 4 члено, додека петтиот член ќе биде избран по договор меѓу избраните. Тоа тело ќе санкционира и ќе следи како ќе известуваат медиумите 100 дена пред изборите.
За избирачкиот список оние гласачи од спорните што нема да се пријават на јавниот повик ќе бидат избришани.
Слично
